Skip to main content
Македонија

Средба на Тошковски и Јанев со полициските аташеа: Продолжуваме со интензивната полициска соработка во сите области

10/12/2024  19:29

Денеска во Владата на РСМ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на БЈБ при МВР Александар Јанев организираа пригоден коктел за полициските аташеа во составот на странските дипломатско-конзуларни претставништва застапени во нашата земја.

Во своето пригодно обраќање министерот Тошковски, забалагодарувајќи се на досегашната соработка, особено во поглед на низата заеднички проекти во разни области, вредните донации во средства наменети за македонската полиција, како и многуте меѓународни обуки и тренинзи, изрази уверување дека таквото партнерство ќе продолжи и во иднина пред се во името на заедничките вредности и цели. Воедно честитајќи ги претстојните Божиќни и Новогодишни празници на полициските аташеа нагласи дека – „во Новата година продолжуваме со интензивната полициска соработка во сите области бидејќи сме дел од едно семејство и се соочуваме со слични предизвици и проблеми а се во насока на решавање и обезбедување на глобалната безбедност”.