Skip to main content
Македонија

Средба на Муцунски со Директорот на Транспортната Заедница со седиште во Белград,  Матеј Закоњшек

11/11/2024  14:50

​Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес оствари средба со Директорот на Транспортната Заедница со седиште во Белград,  Матеј Закоњшек.

Во фокусот на разговорите беше посочена нашата посветеност на регионалната соработка во сите области од заеднички интерес, вклучително и Договорот за транспортна заедница со Западниот Балкан, кој има за цел целосно да го интегрира регионот во европската транспортна фамилија и да ја надополни политиката на проширување на заедницата. 

Истовремено, за време на средбата беа разменети мислења околу заложбите за усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ на патот кон станување полноправна членка, имајќи ги предвид притоа и националните политики и интереси.

Како земја членка, Северна Македонија активно учествува во работата на телата на Транспортната заедница, притоа креирајќи политики и проекти за подобрување на транспорната политика, како на национално така и на регионално ниво.

Воедно беше истакнато дека реализацијата на проектите долж двата коридора, Коридор 8 и Коридор 10, дополнително ќе влијае кон вмрежување на земјата во транс- европските транспортни мрежи.