Србија и Албанија заеднички ќе го организираат Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година, потврди Бранко Радујко, генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Ваквата одлука е логична поради повлекувањето на Белгија и Турција како кандидати за домаќини.
Радујко потврди дека УЕФА организацијата на турнирот што ќе се игра во 2027 година ќе им ја додели на Србија и Албанија.
– Најверојатно тоа ќе се случи во најголема мера кај нас. Конечната одлука ќе биде позната во декември. Ние сме оптимисти за тоа – рече Радујко.
Во таа конкуренција српските фудбалери треба да ги предводи Александар Коларов, кој е промовиран во нов селектор на младата репрезентација.
Поранешниот лев бек договори соработка со Фудбалскиот сојуз на Србија до 2027 година