Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври, спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека од нив, 14 не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ.
Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности од кои кај 4 оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори, утврдено е дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед.
Кај 5 оператори запленета и нештетно уништени се 40 килограми небезбедна храна.