Skip to main content
Забава

Спречува кондензација: Моќен трик за блескави прозорци

11/11/2024  19:49

Познато е дека ладните прозорци се замаглуваат кога влажниот воздух ќе дојде во контакт со нив.

Линзи Кромби, која споделува корисни совети за чистење на куќата на TikTok, открила генијален трик за совршено чисти прозорци.

Во своето видео Линси откри трик кој спречува кондензација на прозорците, а со тоа и влага и мувла.

Линзи откри како го решава тој проблем. Таа користи детергент за миење садови, кој создава заштитна бариера на стаклото.

Истурете мала количина течност за миење садови на сува крпа од микрофибер и втријте ја по целото стакло“, објасни Линзи.

– Нема да се создаваат дамки – додаде таа и нагласи дека тоа се должи на тоа што се работи за многу мала количина на детергент.

Линси објасни дека течноста за миење садови создава невидлив штит кој помага да се одржат чисти прозорците.

Можете исто така да избегнете кондензација со отворање на прозорецот додека готвите или се туширате.