Skip to main content
Македонија

Спречено криумчарење на масло од црно семе, фиберскопи, делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки

03/12/2024  09:57

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење, при што е запленета разна стока, меѓу коишто делови за мобилни телефони, поголема количина масло од црно семе, фиберскопи за индустриски цели, облека, но и производи од заштитени трговски марки. Во продолжение детали:

– 16.5 литри масло од црно семе (36 парчиња масло од црно семе од по 125 мл и 96 парчиња од по 125 мл масло црно семе Натурал) и 1.250 капсули со масло од црно семе (25 парчиња од по 50 капсули), се пронајдени околу совозачкото седиште на еден автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Блаце.

– Спречен обид за криумчарење на 682 маски за мобилни телефони, како и 61 кабел, 10 слушалки, држачи, полначи и стаклени фолии за мобилен телефон. Непријавените производи се откриени од царински службеници на граничен премин Блаце при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата. 


– 
Македонски патник враќајќи се од Дортмунд се обидел преку граничен премин Табановце во автобусот со кој патувал да криумчари разна стока, меѓу коишто и 21 фиберскоп за индустриски цели. Во намерата е спречен од царинските службеници на граничниот премин кои при контрола на автобусот, во торбата во сопственост на патникот, ги пронајдоа непријавените производи. Покрај фиберскопите се пронајдени и обувки, како и радио апарати за автомобил.

– Мобилни тимови во три одделни случаи запленија речиси 3.000 играчки, школски прибори и 50 блутут слушалки со ознаки на заштитени трговски марки. Делата се откриени при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 3 и царинска испостава Куманово. Во моментов за запленетите производи се поведени постапки за утврдување на оригиналност.


– Миксета Allen & Heath со вкупна вредност од 153 илјади денари е откриена при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничниот премин Табановце.

– Мобилен тим спречи обид за шверц на разна стока, меѓу којашто облека, обувки, тротинети и електричен алат. Непријавената стока е откриена при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Возачот стоката ја скрил под горниот и под долниот кревет во кабината на камионот. Производите се запленети, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

– 840метални чаури за хидраулични црева коишто биле скриени на различни места во еден автомобил со кој патувал брачен пар од Србија, се откриени од царинските службеници на граничен премин Богородица.

– 8 штеки цигарибез акцизни маркички се откриени  при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените цигари што се пронајдени под јакните  на задното седиште се запленети, а против патникот е поведена соодветна постапка.


– Царински службеници на влез на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 55 парчиња облека. Непријавените производи се пронајдени во патни торби сместени во багажникот и во внатрешноста на возилото.

– 80 пакувања ленти за дихтување, се откриени од страна на мобилен тим при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на релација Швајцарија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи, сопственост на возачот, биле пронајдени во 4 куфери, сместени во просторот за багаж на автобусот.