Хотелот Four Seasons во Атланта е ставен под блокада по извештаите за вооружен маж кој се забарикадирал во хотелот.
Екипите на полицијата и SWAT се на местото на настанот откако маж пукал со пиштол врз лице на горните катови од хотелот,објави Сан.
Според пријавата, полицијата успеала на балконот да го види осомничениот, кој се уште не е идентификуван.
Властите издадоа наредба за евакуација, барајќи од присутните да избегнуваат прозорци и соби кои гледаат на теренот на хотелот.
Новинарите на теренот во Атланта велат дека слушнале неколку истрели.
Поради инцидентот, привремено се затворени неколку патишта во околината на хотелот додека трае полициската акција.
Фокс5 објави дека нешто по 15:30 часот по локално време, на сите медиуми на местото на настанот им било наредено да заминат.
Репортерот Коди Алкорн од 11Alive сподели снимка на која се гледаат снајперски тимови во областа откако тој исто така пријавил истрели.
Shots are being fired in midtown at Four Seasons on 14th Street. @Atlanta_Police telling us to get in garage behind a concrete wall. 14th is closed at Crescent. This started as an armed person in the building. @11AliveNews pic.twitter.com/SvV7SLKsLD
— Cody Alcorn (@CodyAlcorn) October 29, 2024
Atlanta News First објави дека полицајците одговориле на повикот на „вознемирено лице“.
Официјалните лица во соопштението рекоа: „Полицајците истражуваат вооружено лице на 75 улица.Ве молиме да се тргнете од таму или да го избегнувате тоа подрачје.“
Hearing lots of shots now at the Four Seasons in Atlanta pic.twitter.com/jsoZI6hSsR
— Mallard Beakman ₿⚡🥕 (@Bill_Fowler_) October 29, 2024
На граѓаните во близина на хотелот „Четири сезони“ им се препорачува да избегнуваат прозорци и соби свртени кон околината. Единиците поставиле кордон за безбедно да го истражат инцидентот.