Кошаркарите на Далас изминатата ноќ на гостински терен во Сан Франциско го совладаа Голден стејт со 143:133.
Маверикс го забележаа 17-от триумф сезонава во НБА лигата, а мечот во Сан Франциско беше историски бидејќи на овој меч беа постигнати најмногу тројки во историјата на НБА, вкупно 48.
Вориорс реализираа 27 тројки од 54 обиди, додека Маверикс погодија 21/41 за три поени.
Далас до победата го предводеше Лука Дончиќ со 45 поени (10/12 за два, 6/11 за три, 7/9 слободни фрлања), 13 асистенции и 11 скока. Ѕвездата на Далас го забележа деветиот трипл-дабл во кариерата со повеќе од 40 поени.
Кај Далас се истакнаа и поранешниот играч на Голден стејт, Клеј Томпсон со 29 поени, пет скока и четири асистенции и Кајри Ирвинг со 21 поен и осум асистенции.
Најдобри играчи на Голден Стејт беа Ендрју Вигинс со 29 поени, Стеф Кари со 26 поени, пет скока и 10 асистенции.
Далас е трет во Западната конференција со 17 победи и девет порази, а Голден стејт е седми во истата конференција со 14 победи и 11 порази.
Резултати од НБА:
Индијана – Њу Орлеанс 119:104
Орландо – Њујорк 91:100
Вашингтон – Бостон 98:112
Сан Антонио – Минесота 92:106
Феникс – Портланд 116:109
Голден Стејт – Далас 133:143
ЛА Лејкерс – Мемфис 116:110