Skip to main content
Свет

Со фотографии со гола Меланија, руската државна ТВ му честиташе на Трамп

09/11/2024  20:39

Американците се и згрозени и лути откако руската државна ТВ мрежа и честиташе на Меланија Трамп за реизборот на нејзиниот сопруг Доналд за претседател на САД, прикажувајќи ги нејзините разголени фотографии на директен пренос. Информации за овој скандалозен потег на моќната ТВ мрежа, првпат е објавено на X (поранешен Twitter).

Во емисијата „60 минути“ на каналот Русија-1, инаку најгледаните во земјава, водителите Евгениј Попов и Олга Скабеева зборуваа за реизборот на Трамп и на екранот покажаа бројни фотографии од времето кога Меланија беше модел. Меѓу нив имало и фотографии на кои таа е гола, кои биле направени за приказна за неа, профил објавен во 2000 година во магазинот GQ. Таа и Трамп во тоа време веќе беа во врска.

Џулија Дејвис, која ја основа руската група за мониторинг на медиумите „Русија медиа монитор“, објави видео од шоуто со натпис: „Еве како најгледаниот државен телевизиски канал во земјата го поздрави неодамнешното враќање на Меланија Трамп во Белата куќа. Олга Скабеева се обидува да остане сериозна“. Оттогаш, нејзината објава е отстранета, но не пред некои други корисници на Твитер да ја споделат и да се рашири низ мрежата.

Луѓето на Трамп, кои беа контактирани од бројни медиуми за коментар, како и претставници на Skyhorse Publishing, издавачката куќа на Меланија, сè уште не коментираат