Skip to main content
Македонија

Со нафта од резервите го нормализира јавниот превоз во Скопје

22/11/2024  09:24

На синоќешната вонредна владина седница беше одлучено Владата да интервенира со дел од своите резерви за да го поддржи Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Оваа мерка има за цел да го нормализира јавниот превоз, кој беше во прекин во изминатите два дена, предизвикувајќи хаос во градот.

Владата прогласи кризна состојба и одлучи да позајми нафта од државните резерви за потребите на ЈСП за следните седум дена. Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, изјави дека дистрибуцијата на нафтата започнала веднаш, а резервоарите на автобусите биле наполнети во текот на ноќта.

Граѓаните известуваат дека од утрово автобусите редовно сообраќаат на градските линии, што донесе олеснување за многумина кои беа погодени од прекинот на јавниот превоз.