
Времето денеска ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност, а претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Минималната температура ќе биде од -3 до 3, а максималната од 6 до 11 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.
Според УХМР, следува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од среда кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.