На планинскиот превој Ѓавато попладнево може да се забележат неколку заглавени камиони кои стојат во место поради обилните врнежи од снег.
Во моментов забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија Пат.
Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.