48-годишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека била нападната од нејзиниот 70-годишен чичко, соопшти МВР.
„На 04.12.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, А.Т.(48) од Скопје пријавила дека на 30.11.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно нарушени семејни односи, била физички нападната од нејзиниот чичко Ч.П.(73) од Скопје. По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.