Skip to main content
Хроника

Скопјанец кршел низ дома, бил агресивен кон семејството, па со предмети фрлал и кон полицајците

21/10/2024  19:38

Полицијата го приведе 41-годишниот Б.Д. од Скопје по семејна драма што се одвивала вчера на подрачјето на Драчево.

Во семејниот дом , тој агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од инвентарот, а потоа со тврди предмет фрлал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.