Skip to main content
Хроника

Скопјанец, испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари

22/11/2024  16:38

Полицијата од Свети Николе поднесе кривична пријава против 31-годишниот Р.С. од Скопје поради измама.

„Пријавениот, претставувајќи се како вработен во банка, исконтактирал друго лице и го довел во заблуда да му го даде кодот кој пристигнал на неговиот мобилен телефон заради наводно ажурирање на податоци, при што го оштетил за 683.000 денари“, велат од МВР.