Skip to main content
Хроника

Скопјанецот кој со тупаници ја удираше поранешната сопруга веќе бил осудуван за насилство, не му било првпат да ја нападне

07/12/2024  19:36

Скопјанецот кој брутално ја нападна поранешната сопруга во скопско село е зад решетки. Обвинителството бара од судот  продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката, бидејќи и претходно бил насилен, а ова не било првпат сопругата да биде негова цел.

Од Обвинителството информираа дека доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

„Тој и пришол од зад грб, со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата“, велат од Обвинителството.

Имајќи предвид дека обвинетиот е претходно осудуван, му се води и друга постапка за истородно дело, а оштетената повеќепати ја напаѓал, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност тој да се обидува да го избегне кривичниот прогон ако биде пуштен на слобода.