Skip to main content
Македонија

Сиљановска Давкова не замина во Париз поради дефект на владиниот авион

07/12/2024  19:53

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, поради дефектот на владиниот авион, соопшти вечерва Кабинетот на претседателката.

-Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, Кабинетот на претседателката информира дека таа не замина во Франција, се наведува во соопштението.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова го информирале Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон дека таа не е во можност да патува поради дефектот на владиниот авион со кој беше планирано да се патува во Париз.