Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Сулавеси во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 40 километри, соопшти EMSC, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации дали земјотресот предизвикал материјална штета или дали има повредени.