Skip to main content
Скопје, Хроника

Се судрија такси возило и цистерна и направија хаос во сообраќајот во Скопје

19/10/2024  12:41

Предмалку се случи сообраќајна несреќа во која се судрија цистерна со такси возило на булеварот Киро Глигоров во Гази Баба во Скопје.

Поради настанатата сообраќајна несреќа се создаде огромен сообраќаен хаос на тој дел од градот кој и онака е познат по долгите чекања и колони.

Од она што екипата на 24Инфо можеше да го види, за среќа нема повредени, но има голема колона возила која се протега до мостот Близнак.

Повеќе информации подоцна.