Српскиот рокер Ѓорѓе Давид проговори за тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот во Македонија, во која животот го загуби една жена. Давид, кој беше учесник во трагичниот настан, сподели детали за кобната ноќ и емоциите кои го следат откако се соочил со последиците.
„После таа несреќа сум поразличен човек. Секојпат внимавам кога и како возам. Таа ноќ имаше морничава магла, а патот беше празен. Одеднаш, автомобилот на девојката влезе во спротивната лента и дојде до директен судир. Возев со околу 117 километри на час, со минимална видливост. Кога влегов во густа магла, го намалив гасот и ги вклучив долгите светла, но беше доцна. Секој миг од таа ноќ ме прогонува, сликите ми се вртат во глава – прво лицето на мојата сопруга и ќерка, па сè што ми значело во животот. Мислам само како ова да не ми се врати преку детето,“ вели Давид.
Давид истакнува дека таа ноќ била невообичаена поради условите на патот. „Темнината беше густа, маглата дополнително ја намали видливоста, а патот е многу слабо обележан во делот пред границата. Имаше и снег, а таа кобна ноќ беше празникот Свети Јован. Многумина ми кажуваа дека не паметат таква виулица и услови на патот.“
Рокерот исто така опиша како го преживеал директниот удар: „Не почувствував ништо, ниту студ. Автомобилот во кој се наоѓав, ме заштити. Вратата ми беше заглавена, но ја скршив со рамо и успеав да излезам. Слушнав жена како вика дека сум во крв, а кога се погледнав, видов расекотина до коската,“ изјави Давид во подкастот „Ослободување“.
Несреќата, која се случи на ноќта меѓу 20 и 21 јануари, остави длабока трага врз Давид, кој неколкупати нагласил колку му е тешко да се помири со настанот и неизбежните околности кои доведоа до трагичниот исход.