Skip to main content
Хроника

Се запали куќа во Битола – интервенираше пожарна

25/10/2024  19:36

Денеска избил пожар во куќа во Битола, а на терен веднаш излегле пожарникарите од ТППЕ Битола.

“Примена дојава во 11:55ч. за запалена куќа на ул.Љубојно. ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 5 пожарникари. Брзата и навремена интервенција спречи пожарот да го зафати целиот објект и соседните куќи“, велат од ТППЕ Битола.