Семејство со две мали деца се заглавени со возило во снегот пред хотелот Радика кај Леуново. Од Центарот за управување со кризи информираат дека се работи на расчистување на патот, но дека овој процес е отежнат поради паднати дрвја на патот.
„Од 112 во 10:21 часот, добиена е пријава за заглавени лица од ТППЕ Гостивар во снегот кај село Леуново. Исто така, во 11:43 часот, добиена е пријава и за заглавено возило (фамилија со 2 мали деца) во снегот, пред Хотел Радика, с.Леуново. РЦУК Тетово извести дека од страна на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци добиле информација дека висината на снежната покривка е околу 80 см, и дека веќе работат на расчистување на патот околу Мавровско Езеро, но истото им е отежнато поради паднати дрвја на патот“, велат од ЦУК.
Се очекуваат повеќе информации.