Skip to main content
Култура

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

25/11/2024  08:53

Со седумнаесеттата „Недела на јапонски филм“, Амбасадата на Јапонија, „Кинотека“ и Центарот за култура – Битола ќе ја прослават 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави.

Како што информираат од јапонската Амбасада, амбасадорот на Јапонија вечерва во 20 часот во „Кинотека“ ќе го отвори седумнаесетото издание на Неделата на јапонски филм, а на отворањето ќе биде прикажано „Враќањето на Даимаџин“, култен јапонски филм од 60-те, „дел од триологијата што има огромно влијание на многу генерации на филмаџии, креатори на каиџу (чудовишта) филмски приказни.

– Останатите филмови од селекцијата за „Кинотека“ се современи играни јапонски филмови, додека во Битола, двете проекции ќе понудат долгометражни современи јапонски анимации. Сите проекции се бесплатни, истакнуваат од јапонската Амбасада.