Skip to main content
Свет

Седумдесет и седум нобеловци против Кенеди како министер за здравство на Трамп

10/12/2024  11:14

Седумдесет и седум нобеловци испратија отворено писмо во кое го изразија своето противење на назначувањето на Роберт Кенеди Јуниор за министер за здравство на САД во кабинетот на Доналд Трамп, особено поради неговиот „недостиг на искуство“ и ставовите против вакцините.

Со оглед на неговите ставови, поставувањето на Кенеди на чело на Министерството за здравство би претставувало ризик за јавното здравје, напишаа 77-те добитници на Нобеловата награда за медицина, физика, хемија и економија во писмо до американските сенатори кои мора да го потврдат назначувањето.

Помеѓу потписниците е и Дру Вајсман, добитник на Нобеловата награда за медицина за 2023 година за неговата работа на развојот на   РНК вакцина, клучна во борбата против КОВИД-19.
Роберт Кенеди Јуниор, внук на убиениот претседател Џон Ф. Кенеди, водеше кампања како претседателски кандидат во ноември пред да се откаже и да го поддржи Доналд Трамп.