Skip to main content
Скопје

СДСМ: Хаосот во Скопје продолжува, Славевски и ДПМНЕ го окупираа советот и донесоа невалидни одлуки

30/11/2024  13:53

Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Славески, го окупираа Советот на Град Скопје и донесоа невалиднен заклучок, кој  е на директна штета на граѓаните и на приватните превозници.

Хаосот со јавниот превоз ќе продолжи само поради политичкиот инает на ДПМНЕ и кавгите со Арсовска.

Наместо решение на проблемот со приватните превозници и прифаќање на предлогот на  СДСМ и коалицијата, во Советот на Град Скопје, на сила, се усвои невалиден заклучок којшто не може да се реализира.

Прво, затоа што е донесен без потребниот кворум од 23 советници. Само 19 советници беа присутни во салата на Советот.

Второ, поминати се законските рокови кога можеше да се направи ребаланс на Буџетот на Град Скопје кој што е до 15 ноември. 

Така, како што е дефиниран од претседателот на Советот Заклучкот,  реално не може да се реализира од страна на службите ниту ЈСП да го имплементира.

Затоа, сите раководители на сектори доставија допис, дека таков заклучок и таква одлука е кривично дело и нема да може да се реализира.

Само заради политички инает и кавга со Арсовска, Трајко Славевски и ДПМНЕ не го прифатија предлогот да се измени и дополни Одлуката за линиски превоз, чл. 103 од Одлуката, т.е. да прифатеа да се пристапи кон измена на методологија за пресметување, трајно ќе се решеше проблемот а цената на билетот немаше да се покачи.

Поради ваквиот однос на Славевски и ДПМНЕ приватните превозници се изманипулирани а граѓаните на Скопје оставени сами на себе со хаосот во градскиот превоз.