Skip to main content
Македонија

СДСМ: По примерот на поднесената пријава Тошковски да поднесе кривична и за Митревски кој не плаќа патарини

06/11/2024  15:21

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

По примерот на кривичната пријава поднесена против началник од Кочани, Тошковски и МВР треба да поднесат кривична пријава и против Миланчо Митревски. 

Тој беше назначен за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец а исто така СДСМ објави и докази дека не плаќа патарини.

Нека покаже Тошковски ист приницип, што чека?

Дали и раководителот Ванчо Милевски кој исто така не плаќа патарини ќе добие Кривична пријава од Тошковски?

Или  законите не важат за партиските кадри на ДПМНЕ на патарините?