На првата седница на новиот состав на Извршниот одбор, СДСМ донесе одлука да не ги поддржи поднесените интерпелации од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Извршниот одбор на СДСМ оцени дека интерпелациите не нудат решение за актуелната криза и потенцијално носат ризик од нови поделби по етничка основа.
– Ова не е моментот за дополнителни политички конфронтации. Потребен беше поинаков пристап – да се седне на лидерска средба и заеднички да се упатат пораки за смирување на тензиите. Тоа ќе покажеше политичка зрелост и одговорност, но, за жал, власта го одби овој предлог, стои во соопштението од партијата.
СДСМ нагласува дека решението за политичката и општествена стабилност бара ди