Skip to main content
Свет

САД забранија издавање визи за грузиски претставници поради „поткопување на демократијата“

13/12/2024  09:19

САД ќе забранат издавање визи за околу 20 Грузијци одговорни за „поткопување на демократијата во Грузија“, вклучително и министри, пратеници и безбедносни службеници, соопшти Стејт департментот. Во соопштението не се наведени имињата на грузиските официјални лица на кои ќе им биде забрането да добијат визи за САД.

MK Summit

Стотици луѓе се уапсени во Грузија откако пред речиси две недели избувнаа протести против одлуката на владејачката партија Грузиски сон да ја одложи долгогодишната цел на поранешната советска република за пристапување во Европската унија.

„САД силно ја осудуваат партијата Грузиски сон за нејзиното тековно, брутално и неоправдано насилство врз грузиските граѓани, вклучително и демонстранти, претставници на медиуми, бранители на човекови права и опозициски личности“, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се додава дека се „подготвуваат дополнителни активности, вклучително и санкции, за да ги повика на одговорност оние што ја поткопуваат демократијата во Грузија“.