Русија ги обвини вооружените сили на Украина за вчерашниот напад на автомобил што се користеше за транспорт на експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), велејќи дека некој можел да биде убиен.
Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, на денот на инцидентот изјави дека во вторникот беспилотно летало удрило и сериозно оштетило службено возило на агенцијата на патот кон украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола, но дека нема жртви.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тогаш изјави дека тоа е намерен руски напад што покажува дека Москва воопшто не го почитува меѓународното право и институциите.
A Russian FPV-kamikaze drone attacked the official car of an International Atomic Energy Agency (IAEA) mission traveling to Zaporizhzhia Nuclear Power Plant in southeastern Ukraine.
No one was injured. The IAEA's Director General Grossi called the incident "unacceptable". pic.twitter.com/qUbn5vu0H9
— BREAKING NEWS: UKRAINE (@MrFukkew) December 11, 2024
Меѓутоа, руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Украина го нападнала тоа возило.
„Околу 15 часот, возило на МААЕ кое се користело за транспорт на експерти од секретаријатот на агенцијата било нападнато на територијата контролирана од Киев“, соопшти Министерството.
„Во 16 часот и 37 минути Украина нападна руски конвој кој се враќаше од населбата Каменскоје, откако на контактната линија донесе експерти од секретаријатот на МААЕ. Ја споделуваме огорченоста на раководството на агенцијата (МААЕ) поради овие провокативни и непромислени дејствија на режимот во Киев, кој не само што продолжува да врши злосторства со закани и напади врз руски нуклеарни постројки, туку и се осмелува да го стави персоналот на меѓународната организација и руски воен персонал на ротација во смртна опасност“, се вели во соопштението.