Skip to main content
Забава

Рецепт за посни палачинки: Идеално послужување за време на постот

08/12/2024  20:02

Посните палачинки се едноставен деликатес кој сите го сакаат и како такви се идеални кога ви треба брзо сервирање во деновите на постот, кој започна на 28 ноември.

Посните палачинки се едноставен деликатес кој сите го сакаат и како такви се идеални кога ви треба брзо сервирање во деновите на постот, кој започна на 28 ноември.

Совршено воздушни и меки, овие палачинки имаат прекрасна текстура, а шеќерот од ванила и кората од лимон им даваат ароматичен вкус.

Овие посни палачинки сами се топат во устата, а сепак исполнети со омилениот џем, и посипани со шеќер во прав или цимет, тие се совршено вкусно домашно слатко на кое никој нема да одолее.

Одлични се за викенд дружења со семејството и пријателите, а како можете да ги подготвите, погледнете во продолжение:

Состојки:

– 250 гр брашно
– 1 шолја кисела вода
– 1 лажица масло
– 1/2 кесичка прашок за пециво
– 1/2 кесичка ванилин шеќер
– 1/2 лажица шеќер
– кора од 1/2 лимон
– прстофат сол
– џем по желба, за фил
– шеќер во прав, цимет по желба

Подготовка:

Во длабок сад истурете ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот, ванилиниот шеќер, солта и ренданата кора од лимон, па сè убаво измешајте.

Истурете ги киселата вода и маслото, па нежно измешајте додека не добиете хомогена смеса без грутки. По потреба додадете уште малку кисела вода или брашно.

Посни палачинки испечете ги на вообичаен начин, наполнете ги со омилениот џем и по желба посипете ги со шеќер во прав и/или цимет.