Во периодот што следи, доаѓаат посните слави во Македонија, па доколку сакате да направите салата во која се вклучува мајонез а сепак да биде посна имаме доба вест за вас!
Во продолжение прочитајте рецепт за посен мајонез кој ќе го обожаваат сите:
Состојки: 55 ml течност од конзерва наут, 25 мл сок од лимон, 20 гр сенф, 1/2 лажичка сол и 255 мл масло.
Подготовка: За да го направите овој посен намаз, во сад ставете ја течноста од конзервата наут, сокот од лимон, сенфот и солта и кратко изматете со миксер.
Потоа во тенок млаз додајте го маслото, матејќи цело време додека не добиете текстура на мајонез. Чувајте го во фрижидер.