Skip to main content
Забава

Рецепт за домашна нутела кој ќе ве воодушеви: Овој намаз ќе го обожувате, а има подобар вкус од купениот

30/10/2024  20:53

Доколку ви се допадне оваа домашна нутела, а сигурно ќе ви се допадне, следниот пат веруваме дека ќе направите дупла доза.

Состојки:
– 1 литар млеко;
– 200 грама путер;
– 6 лажици брашно;
– 6 лажици какао;
– 200 грама шеќер во прав;
– 1 јајце;
– 200 грама лешници.

Подготовка:
1. Лешниците сомелете ги на поситно. Помешајте го какаото, брашното, шеќерот во прав. Во нив додадете половина литар млеко и јајце и добро помешајте. Втората половина од млекото ставете ја во тенџере и оставете на тивок оган да зоврие, па додадете ја смесата која ја подготвивте со постојано мешање. Додадете ги лешниците и мешајте. Доколку е потребно, намалете ја температурата на огнот и мешајте додека смесата не згусне.

2. Тргнете го тенџерето од шпорет, додадете путер и помешајте.

3. Кога смесата ќе се излади, помешајте ја со миксер и оставете ја во фрижидер во текот на една цела вечер. Вака подготвената домашна нутела се чува во стаклена тегла во фрижидер, до три седмици.