Skip to main content
Магазин

Ретко издание на „Малиот принц“ се продава за 1,2 милиони долари

24/10/2024  22:32

Ретко издание на „Малиот принц“ од францускиот автор Антоан де Сент Егзипери се проценува на 1,25 милиони долари. Тоа се нуди на продажба, а содржи бројни рачни корекции од самиот автор.

Се работи за една од само трите познати копии и ова е првпат ваков вид ракопис да ѝ биде понуден на јавноста, објави „Гардијан“.

Ракописот ја содржи првата верзија на познатата реченица: „Само со срцeто се гледа убаво, очите не ја гледаат суштината“.