Skip to main content
Спорт

Ред Бул подготвува промени, Ферстапен ќе добие казна во Бразил

31/10/2024  12:16

Макс Ферстапен сигурно ќе биде казнет пред трката за Големата награда на Бразил во Сао Паоло.

MK Summit

Во Ред Бул се незадоволни од тоа како се однесувал моторот на трката за Големата награда на Мексико и затоа решиле да направат одредени корекции.

Доколку се мали, актуелниот шампион ќе се врати за пет позиции во однос на освоеното место во квалификациите, а ако корекциите се поголеми, тогаш ќе треба да се врати за 10 места.

Верстапен моментално има 47 бодови повеќе од Норис во овогодинешниот шампионат, а до крајот преостануваат уште четири трки. Последната победа Холанѓанецот ја забележа во јуни во Шпанија.