Skip to main content
Скопје

Рампата крената возот на сред улица – Се чека ли нова жртва во сообраќајот кај Драчево? (ФОТО)

21/10/2024  13:12

Пругата од македонски железници што поминува низ скопско Драчево и Лисиче прави се поголеми проблеми во сообраќајот затоа што како знаете истата поминува низ локален пат, па сообраќајот се регулира со рампа.

Сепак како што забележа денес екипата на 24Инфо додека на пругата имаше воз кој се движи, рампата за возила беше отворена, што претставува ризик за сите возила кои се движат по патот натаму.

Ова не се случува прв пат, па со ваква неорганизираност и вакви пропусти само прашање на време е кога ќе има следна жртва!