Skip to main content
Балкан

Радев ги почнува консултациите со пратеничките групи во новиот Парламент на Бугарија

10/12/2024  09:08

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска ги започнува консултациите со пратеничките групи во новиот парламент, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Радев претпладнево ќе има средби со претставници на ГЕРБ-СДС и подоцна со „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“.

На крајот на минатата недела претседателот Румен Радев најави дека денеска ќе ги започне консултациите со политичките сили. Според него, важно е Националното собрание да работи, бидејќи ако нема редовна моќ, тоа значи и уривање на работата на овој парламент, а пред него има многу сериозни задачи. Меѓу најитните задачи, Радев го посочи носењето на државниот буџет за следната година, јави БТА.

„Моите напори ќе бидат на 31 декември да биде усвоен закон за буџетот“, рече претседателката на Наталија Киселова на новинарско прашање на нејзиниот прв јавен настан по изборот на оваа функција.