Skip to main content
Свет

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

23/11/2024  21:48

Претседателот Владимир Путин го потпиша законот за отпишување на кредитни долгови во износ до десет милиони рубљи (околу 9.200 евра) за учесниците во специјалната воена операција, се наведува во документ објавен на веб-страница за официјалното објавување на правните акти.

Законот се однесува на: мобилизирани; лица кои служеле воена служба во вооружените сили на Русија и склучиле договор за период од една година или повеќе за учество во Специјална воена операција до 1 декември 2024 година. Законот се применува и на нивните сопружници, пренесува сајтот „ria.ru“.