Skip to main content
Свет

Путин до Шолц: Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот во Украина

15/11/2024  17:05

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за време на разговорот со германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Русија никогаш не одбила да преговара за крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека можните договори треба да ги земат предвид безбедносните интереси на Русија, да се засноваат на „новата реалност на терен“ и да се решат причините за конфликтот, соопшти прес-службата на Кремљ.

Кремљ објави дека Путин и Шолц имале „детална и искрена“ размена на мислења за ситуацијата во Украина.

Во разговорот Путин нагласил дека Русија секогаш ги исполнувала договорните обврски во енергетскиот сектор и дека е подготвена за заемно корисна соработка на тоа поле, доколку е заинтересирана и Германија.