Во последната епизода на подкаст ЗРАК со д-р Марина, проф д-р Милан Самарџиски зборуваше за новите технологии во откривањето и третманот на карциномот на коски.
„На времето преживувањето на пациентите без разлика дали ќе има зачувување или отфрлање на екстремитетот, било не повеќе од 40 проценти, денеска имаме над 60% петгодишно преживување без локална болест и без одалечена метастатска болест. Технологијата на модерната генетика и молекуларната биологија овозможуваат окривање работи во течности за што не мора да земате ткиво и на тој начин ризикот од биопсијата да се намали“ посочи Самарџиски.
Според него, технологијата на секои три четири години прави еден сериозен напредок што ние како држава се обидуваме тоа да го следиме ама не успева баш секогаш.