
Дванаесет лица починаа од труење со јаглероден моноксид во ски-центар во Грузија, соопшти полицијата.
Телата на 11 странци и еден грузиски државјанин се пронајдени во студентски дом над ресторанот во северниот дел на ски-центарот Гудаури, според официјални лица.
Полицијата навела дека прелиминарните тестови не покажуваат траги на насилство врз телата и дека се чини дека се работи за несреќен случај, пренесе агенцијата АФП.
Гудаури е најголемиот и највисоки ски-центар во поранешната советска држава.