На 08.12.2024 во Полициското одделение Чашка бил извршен службен разговор со Џ.И.(42) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка. Претходно, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле една ловечка пушка и 16 куршуми за пушката.
По документирање на настанот против Џ.И. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.