Вчера во СВР Штип било пријавено дека во 11.05 часот во Казнено поправната установа Затвор Штип кај двајца осуденици, 28-годишниот Х.Д. и 27-годишниот О.М. била пронајдена марихуана.
Излезено било на местото на настанот од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип и марихуаната била одземена.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.