Skip to main content
Хроника

Пријава против тројца велешани кои нападнале вработени во ЕВН

12/12/2024  17:10

На 11.12.2024 во 11.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Е.Б.(18), Р.Б.(23) и Ф.В.(27), сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнале вработени во ЕВН Македонија, кои извршувале службени задачи, по што фрлале тврди предмети кон нив и нивното службено возило.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.