Skip to main content
Хроника

Прилепчанец тепал полицајци, им извадил и пиштол

04/12/2024  17:13

40-годишен жител на Прилеп доби кривична пријава откако нападнал полицаец и со пиштол им се заканувал на органите на редот, соопшти МВР.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 29.11.2024 во угостителски објект во Битола, пријавениот со огнено оружје се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а подоцна и физички нападнал еден од нив. Од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Битола на пријавениот му е одредена мерка притвор“, велат од полицијата.