Полицијата поднесе кривична пријава против С.Б. (29) од Прилеп поради „предизвикување општа опасност“.
„На 19.09.2024 на паркинг простор пред спортска сала во Прилеп, пријавениот го запалил моторот, кој претходно го управувал“, објави МВР во дневниот полициски билтен.