На 13.11.2024, во 17:30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р. (23) од село Батинци, скопско, на подрачјето на општина Аеродром.
При претрес во домот на Ј.Т. (38) од Скопје, каде што бил затекнат осомничениот А.Р., како и во неговото патничко возило, полицијата пронашла и одзела бела прашкаста материја, две дигитални ваги, куршуми и други предмети. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против приведениот.