
Полицајци од СВР Скопје денеска во 01:00 часот ги лишиле од слобода В.Н.(22) и С.Б.(27), двајцата од скопското село Арачиново.
Како што информира МВР, лицата се сомничат дека на во неделата околу 22:00 часот на подрачјето на Гази Баба со закана од М.Н.(31) од Скопје одзеле пари и мобилен телефон.
– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.