Skip to main content
Македонија

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка

02/12/2024  12:54

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка, а како што кажа одлуката ја донела за да го заштити својот углед, но и своето семејство.

Рече дека изминатиот период, од страна на некои политичари се правеле обиди да се наруши нејзиниот личен интегритет

„Премиерот Христијан Мицкоски, токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам има некакви кланови и се фалсификуваат записници“ рече таа.

Дамева посочи дека ја донела одлуката за да го заштити својот углед, но и семејството.

Премиерот Мицкоски, на собраниската седница за пратенички прашања рече дека Дамева сакала незаконски да си го продолжи мандатот

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева, која денеска си поднесе оставка, посочи дека причините се поради политичкиот притисок врз Судскиот совет од страна на владеачката гарнитура и премиерот Христијан Мицкоски.

-Најтешко ми падна што нарачани текстови минатиот период се споделуваа по портали. Ме оцрнуваа, ја вмешаа фирмата на сопругот. Манипулации од луѓе, кои се нелуѓе. Но, правдата се докажува во судница, не по портали, кажа Дамева денеска во Судскиот совет.