Skip to main content
Хроника

Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми

25/11/2024  09:40

На 24.11.2024 во 10.00 часoт во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(30) од с.Романовце.

MK Summit

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки” со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.