Skip to main content
Хроника

Претреси во Радовиш, пронајдена дрога, пушка

04/12/2024  12:51

Вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.Ѓ.(21) од село Дамјан, радовишко.

При претреси во неговиот дом во село Дамјан и во стан во кој престојувал во Радовиш, извршени со судска наредба, биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, дигитална вага, ловечка пушка „Црвена Застава“ калибар 12 мм и 6 патрони за ловечка пушка.

Истиот ден, од слобода бил лишен и М.А.(21) од Радовиш поради постоење на сомнение дека заедно со К.Ѓ. се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.